Манекенката Лоуис Ведербурн уште од раѓање пати од ретко генетско пореметување поради кое мускулите и се претвораат во коски. Оваа тинејџерка не дозволува болеста да ја спречи да го живее животот како што таа сака.
Од оваа болест во светот патат 700 лица и статистиките покажуваат дека тие најчесто имаат краток животен век. Прашање на време е кога оваа млада девојка ќе остане засекогаш замрзната во една позиција, а потоа ќе биде осудена на инвалидска количка.
За Луси, која ја обожава модата и планира да се проба како стилист или шминкер, снимен е и документарен филм “The Human Mannequin”.
“Мојата желба е што повеќе луѓе да дознаат за оваа болест, бидејќи за неа многу малку се зборува. Би сакала да им покажам на луѓето колку е важно да не дозволат болеста да ја убие нивната страст за живот и нивниот сон”, вели оваа храбра 19-годишна девојка.