Еден брачен пар од Индија кој неодамна прослави 87 години брак, вели дека за среќен брак неопходно е сопружниците да се грижат еден за друг.
Карам Шанд (107) и неговата сопруга Катари (100) неодамна прославиле 87 години брак и така станале светски рекордери. Карам и Катари имаат осум деца и 28 внуци. Велат дека за среќен брак важно е сопружниците да се грижат еден за друг.
„Јас секогаш се трудам да ја насмеам мојата Катар8и. Сакам да бидам интересен за таа секогаш да се смее, сметам дека тоа е романтично“, вели Карам. „Велат дека смеењето го продолжува животот. Мојата сопруга уште е жива покрај мене. Се надевам дека и наредните 80 години ќе ги проживееме заедно“.
КАтари вели дека на сопругот секогаш му готвела здрава храна во надеж дека ќе остарат заедно.
„Успеа како што гледате“, вели Катари.
Нивниот брак трае пет години подолго од најдолгиот брак според Гинис во моментов. Тие се надеваатѕ дека наскоро ќе бидат прогласени за новите рекордери.
Поголемиот број бракови во денешно време пропаѓаат поради тоа што луѓето не сакаат да се слушаат еден со друг, смета Карам.
„Врска значи да се слушаме еден со друг и да се ги делиме проблемите. Слушајте си ги партнерите и помагајте те им да го надминат тоа што ги мачи“, вели Карам.
Нивните деца се пресреќни поради љубовта на нивните родители. Тие им помагаат колку можат за Карам и Катари да уживаат во староста.
„Интересно е што нивниот брак бил договорен, а се родила љубов која и денес трае“, вели нивниот син.