За да се произведуваат помали уреди, од компанијата Епл, предлагаат промена на важечките стандарди во изработката на SIM картичките.
Овој предлог е испратен до европското тело задолжено за стандарди во телекомуникациите, ETSI, но од овој институт неведено е дека се уште не е донесена одлука за ова прашање. Овој процес може да трае повеќе од година дена, доколку постои несогласување помеѓу конкурентските страни во оваа област. Сепак, ако постои општ консензус помеѓу компанииите, процесот може да биде забрзан и завршен за неколку месеци, навеле од организацијата.
Аналитичарите веруваат дека доколку овој предлог се усвои и другите компании набрзо ќе почнат да користат помали SIM картички.