Старото правило кое важеше порано, да се јадат три оброци на ден, повеќе не е возможно. Новиот начин на работа и динамиката на животот не го дозволува тоа. Особено ова важи за вработените. Тие обично јадат во текот на работното време еднаш, па додека да стигнат дома поминува многу време. Кога ќе стигнат дома се прегладнети и јадат што им дојде при рака. Јадат обилно и мешаат најразлични вкусови. Ова е најлошата варијанта, стои запишано во книгата “The Foot Doctor Daily Diet” напишана од нутриционистот Ian Marber.
Тој советува да се јаде на секои три часа. Три часа по доручекот земете едно јаболко или некое друго овошје. Практикувајте на секои три часа да внесувате некаква храна. Доколку избирате тоа да е лесна храна ќе се чувствувате поубаво, полесно и на тој начин ќе јадете многу помалку.