Повеќе од 200.000 Бугари сакаат да емигрираат во Западна Европа

popara18 мај, 20111min00
3054485062_ae19c58873
Повеќе од 200.000 Бугари сакаат да ја напуштат земјата и да емигрираат во земјите од Западна Европа, покажале резултатите од истражувањето на Институтот за економски истражувања при Бугарската акaдемија на науките.
Во текот на 2007 година, кога претходно било објавено вакво истражување, Бугарите како мотив за емиграција ги наведувале високата заработувачка и повискоиот животен стандард во другите европски земји.
Оваа година, истражувањето покажало дека луѓето ја изгубиле илузијата за подобар живот во други земји, а како мотив за емигрирање наведуваат дека едноставно не сакаат да живеат во Бугарија.
Бугарите најмногу би емигрирале во Англија и Германија, додека во 2007 година најмногу сакале да живеат во Грција  и Шпанија. Америка е на петтото место на најпосакувано место за живеење на Бугарите.
Во Бугарија, како резултат на светската економска криза се вратиле околу 450.000 емигранти, но повеќето од нив велат дека по подобрување на економската ситуација повторно ќе емигрираат.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag