
Операциите на стапалата не се никаква новост, но модата – отсекување на малиот прст за стопалото подобро да “легне” во салонката, е дефинитивно лудост.
Меѓутоа, се повеќе има од оние зависници во високи потпетици кои се осакатуваат за чевлите подобро да им стојат. Се работи за жени кои животот би го дале за неверојатно високи чевли, иако нивното носење ги убива, поточно им нанесува болка по неколку минути.
Но, многу од нив пронаоѓаат спас во ваквите операции кои ги прават паралелно со операции на други деформитети, бидејќи со години мачат мака со наоѓање на чевли кои можат да ги облечат.
Меѓутоа, има и од оние кои инјектираат колаген во стапалата за да им биде помеко, полесно и поудобно во високите потпетици.
