Потребни состојки:
За кора:
- 150гр маст
- 2 јајца
- 200гр шеќер
- 500гр брашно
- малку сода бикарбона
- 50мл млеко
За фил:
- 500гр шеќер
- 1л млеко
- 150гр брашно
- 3 реда чоколадо
- 250гр путер
За глазура:
- 200гр чоколадо
- лажичка масло
- лажичка млеко
Начин на подготовка:
Oд брашното, маста, шеќерот и јајцата измешајте мазно тесто. Поделете го на шест дела, развлечете тенки кори и печете на свртен плех. Шеќерот ставете го да се карамелизира, па кога целиот ќе се истопи, додадете половина млеко и проварете. Во другиот сад помешајте млеко и брашно и додадете во карамелот млеко. На крајот додадете рендано чоколадо и изматен путер. Филувајте ги корите, а последните прелијте ги со глазура од чоколадо.