Преживеала со неверојатни 7,6 промили алкохол во крвта!

22 ноември, 20120
alkohol

Своевиден рекорд, кој за малку ќе ја чинел живот, оствари една 41-годишна Чехинка откако во болница и биле измерени 7,6 промили алкохол во крвта.

Жената во болница била примена во бесвесна состојба и лекарите не можеле да им поверуваат на своите очи кога виделе колкаво количесво алкохол има во крвта.

-Имаше опасност од тотално откажување на функциите на организмот. Лекарите ја ставија на сите потребни апарати, изјави за порталот „Иднес“ портпаролот на болницата, Мартин Шалек, веднаш по приемот.

Пациентката, сега е надвор од животна опасност.

Само за илустрација, кај една жена со тежина од 70 килограми за да се измерат 7,5 промили алкохол во крвта потребно е за пет часа да испие 28 големи чаши жесток алкохол. Толкаво количество алкохол испарува за повеќе од 50 часа.

Вредноста од 7,6 промили е досега најголемо количество алкохол кое е измерено во крвта кај жена во земјата.

Апсолутен рекордер е еден земјоделец на кого, во 2005 година, му беа измерени речиси осум (7,94) промили алкохол.

За светски рекордер, наводно, е прогласен еден Полјак, кому му биле измерени 12,3 промили.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi