Финската полиција обвини 9-годишно девојче за илегално симнување на песна од интернет, а поради тоа и го заплениле лаптопот.
Девојчето си ја симнало од интернет својата најомилена песна, а поради овој „криминал“ нејзините родители ќе мора да платат казна од 600 евра.
Тие одбиле да ја платат сумата, па затоа од полицијата влегле во нивниот стан и го заплениле лаптопот, којшто всушност бил играчка.
Изгледа полицијата во Финска ептен сериозно си ја сфатила работата, па решени се по секоја цена да се борат против пиратеријата.