Кејти Ренфро (4) боледува од ретко генертско пореметување и ќе биде подложна на оперции кои би можеле да и го спасат животот. Поради генетското пореметување, некои делови од нејзиното лице постојано растат.
Лекарите и отстраниле и дел од мозокот за да ги спречат нападите кои ги преживувала и до 50 пати на ден.
Кејти е шестото дете во семејството. Во четвртиот месец од бременоста, лекарите на ултразвук забележале аномалија и им кажале на родителите дека главата на нивното дете има чуден облик. Во седмиот месец од бременоста, лекарот им кажал дека главата на Кејти е три пати поголема од нормалната. Тогаш им кажале дека детето најверојатно ќе живее како билка и дека нивниот и животот на детето ќе биде исклучиво тежок.
„Не знаев што да правам. Отидов дома и долго плачев. По долго размислување одлучив да ја родам Кејти“, вели нејзината мајка, која додава дека Кејти не е хендикепирана како што лекарите рекле дека ќе биде.
„Се породив со царски рез на 28-ми јануари. Се сеќавам само на нејзините големи убави образи“, вели мајката.
Таткото на Кејти вели дека девојчето изгледало како некој да и ставил грејпфрут во устата како што девојчето растело, така растеле и образите и целосно и го изобличиле лицето. На Кејти и се деформирани и ушите и поради тоа има и послаб слух.
Семејството се уште не е навикнато на реакциите на околината. Велат дека ја гледаат на улица и дека го коментираат нејзиниот изглед.
„Децата се груби, но за жал не се само деца тие кои коментираат“, вели таткото на Кејти.
Кејти ја очекува операција, прва од седумте кои и претстојат.
„Ќе и ги намалат образите, ќе и ги оперираат ушите, ќе и го скратат јазикот“, објаснува таткото кој се надева дека неговото девојче по операцијата ќе може нормално да живее.