Прекрасната бирнета последните неколку недели го промовира најновиот Бонд филм – Skyfall и привлекува внимание со нејзиното присуство на црвениот тепих ширум светот.
А дека француската убавица Беренис Марлох освен актерскиот талент, има и нагласен сексипил, оваа 33-годишна актерка покажа во едиторијалот за часовниците Omega.
Беренис стана заштитно лице на овој луксузен бренд и осамна во заводничка долна облека позирајќи во привлечни пози врз кревет. Сексипилната Марлох, освен поради својот актерски талент, после овој едиторијал ќе има и армија обожаватели зад себе и поради својот сексипил. Всушност, дали некој воопшто ги забележа часовниците кои ги рекламира Беренис?!