Секако сме на ретро бран, па затоа решивме повторно да избереме нешто ултра актуелно односно така наречениот „пинап“ начин на шминкање, но овој пат во неговата современа варијанта.
И ако сеуште имате потреба од видео помош за нанесување на ајлајнер, ние ви ги предлагаме советите на оваа млада дама.
Комбинацијата со секси црвени усни е она вистинското! Се разбира ова не е шминка за секојдневието, но црвените ретро усни секогаш можат да се трансформираат во елегантни и ненаметливи, кога употребените бои во видеото што следува се заменат со нежни корални нијанси.