Ароматични чаеви во служба на вашето здравје

28 ноември, 20120
caj-kopriva

Првата асоцијација на чај не мора да биде болест, но овој ароматичен напиток е најсилниот сојузник на добро здравје. Се прави од лисја, цвекиња и плодови од разни растенија и секој има специфичен ефект на организмот. Најчесто чаевите ги делиме на билни и овошни, а постојат околу 400.000 илјади различни врсти и безброј комбинации и мешавини.

Основно правило е чаевите да ги подготвувате од свежа и мека вода, чајникот никогаш не би требало да го миете со детергенти, доволно е после секоја употреба да го измиете со топла вода. Основна мерка е една полна лажичка за секое лице. Прелијте со врела вода и оставете да отстои 5 минути.

Билните чаеви не би требало да ги држите подолго од 5 минути, бидејќи се губат својствата на етерични масла во нив, а кај овошните се смалува концентрација на витамин Ц доколку долго стојат. Лимоновиот сок или парчиња додадете ги откако чајот ќе се олади, за врелата вода да не ја намали концентрацијата на витамин Ц.

Наместо со шеќер подобро е напитокот да го засладите со мед, но немојте да го ставате во врел чај, бидејќи ќе ги изгуби лековитите својства. Чаевите можете да ги пиете во секое време од денот, пред или после јадење.

Наутро ќе ви помогне да се расоните, да го освежите сдивот и да ги разбистрите мислите, во текот на денот да се свари храната, да го варењето и опуштите нервниот систем, а пред спиење помага и полесно да потонете во сон.

Чај од шипка го подобрува имунитетот

Потребни се: 5дл вода, 2 лажици чај од шипка, 2,5дл црно вино, 1 лимон исечен на кругови, 8 каранфилчиња и 2 лажици мед.

Загрејте ја водата во која сте ставиле каранфилче до вриење и со истата прелијте го чајот од шипка. Оставете да отстои 5 минути, па процедете. Потоа истурете вино, а кога чајот малку ќе се олади додадете лимон и мед. Шипката е богата со витамин Ц и силно ја подига одбрамбената моќ на организмот.

Нане против стрес

Потребни се: 1 лажица кардамон семиња, 3 гранчиња свежо нане, помало парче лимонова кора и 1 лажичка мед.

Иситнете ги кардамон семињата и прелијте со 2,5дл ладна вода.

Ставете на рингла и почекајте да зоврие, потоа исцедете, прелијте преку исецканото свежо нане и добро измиената лимонова кора и по желба засладете.

За мирен сон

Потребни се: 50гр јаглика, 25гр цветови лаванда и 10гр кантарион.

Помешајте ја оваа мешавина и прелијте со половина литар вода, оставете да отстои пет минути, а потоа процедете.

По желба чајот може да го засладите со мед. Пијте свежо подготвен чај секоја вечер пред спиење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi