Потребни состојки:
- 4 филети бела риба (ослич)
- сол
- 1 чаша полубело брашно
- 1 чаша ладна вода
- 1 чаша пченкарни снегулки
- ½ чаша бадеми
- 1 и ½ чаша сончогледово масло за пржење
Начин на подготовка:
Измијте ги филетите, потапкајте ги со кујнска хартија и на тој начин исушете ги. На секој додадете сол. Брашното помешајте го со вода, за да добиете мазна смеса. Пченкарните снегулки иситнете ги во мултипрктик, а бадемите ситно исецкајте ги. Секое филе прво натопете го во смеса од брашно и вода, а потоа ставете во сувата смеса од пченкарни снегулки (корнфлекс) и бадеми.
Загрејте масло во тава и подготвените филети пропржете ги од двете страни додека не добијат кафеава нијанса. Похованите филети исцедете ги на кујнска хартија. Послужете со прилог по ваша желба.