“Босоногиот бездомник” Џефри Хилман, како што е наречен во медиумите, сепак не е бездомник.
Хилман има стан и пензија, а чевли едноставно не сака да носи.
Босоногиот бездомник Џефри Хилман, кој стана познат по фотографијата на која полицаецот Лари де Примо на улица му донира чевли, сепак не е бездомник.
Полицаецот од Њујорк допре до многу луѓе од целиот свет кога фотографијата на која подарува чевли минатата недела заврши на интернет. Откако ги добил чевлите, Хилман повторно е забележан босоног, а објаснил дека не ги носи, бидејќи се плаши дека некој може да му ги украде или да го убие поради нив.
Хилман проси на Тајмс Сквер и обично е бос.
Меѓутоа, најинтересно во ова на прв поглед во потресната приказна е дека Хилман и не е бездомник, туку дека има свој стан во Бронкс, кој го плаќа од парите кои ги добива како воен ветеран.
“Бездомникот” има и членови на семејството, но тој не сакал да остане да живее со нив.