Освен тоа што оваа диета е едноставна и освежителна, таа е и многу здрава. Се зансова на јогурт, но се препорачува во текот на овие седум дена додека се држи диетата да се конзумира јогурт со ниска масленост. Со цел диетата да е поефикасна треба да се избегнуваат сокови, да се пие минимум два литра вода, да сте физички активни и да не јадете по 19 часот. Ручекот и вечерата се секој ден различни, а доручекот и двете ужини се секогаш исти.
Доручекот, секогаш е едена чаша јогурт со една лажица житарици. Првата ужина е секогаш чаша јогурт со овошје по ваш избор (јаболко, круша, слива…) и втората ужина е само 200 мл јогурт.
ПРВ ДЕН
Ручек: Варен или печен зачинет компир, 100 гр телешко месо, варена брокула прелиена со 2 лажици јогурт.
Вечера: Истото од ручекот, со исклучок на месото.
ВТОР ДЕН
Ручек: Мешана салата со 100 гр туна
Вечера: Една чинија супа и јогурт
ТРЕТ ДЕН
Ручек: Овошна салата со јогурт
Вечера: Банана и јогурт
ЧЕТВРТИ ДЕН
Ручек: Спанаќ, пире од компир со путер, 100 гр пилешко бело месо и јогурт
Вечера: Спанаќ, компири (половина од количината која ја изедовте за ручек) и јогурт
ПЕТТИ ДЕН
Ручек: Парче пица моцарела, чаша лимонада и јогурт
Вечера: Едно пециво и јогурт
ШЕСТИ ДЕН
Ручек: Рижото со домати, марула и јогурт
Вечера: Половина од ручекот
СЕДМИ ДЕН
Ручек: крем супа од брокула, сендвич со туна (малку туна, марула, пченка) и јогурт
Вечера: Мешана салата со прелив од јогурт и едно јаболко