Рози Дејвис (5), е родена со голема празнина меѓу пршлените на половината и нозете и биле превиткани под колковите. Недостатокот од пршлени значело смрт за Рози, бидејќи нејзиното тело немало силна физичка потпора и сите органи и откажале.
Но, лекарите во болницата во Бирмингем нашле начин како да и го спасат животот. Тие одлучиле на двејчето да и ги ампутираат двете нозе и коските од нозете да и ги ‘вградат’ во половината.
Малата Рози е втората личност на светот на која и е направена ваква операција и за сега успешно се опоравува.
Нејзината мајка е горда на неа: „Таа никогаш не се доживува за инвалид. Точно знае што сака и секогаш наоѓа начин тоа да се оствари без разлика на сите физички препреки“, вели мајката Манди. Прогнозите на лекарите се добри и се надеваат дека Рози еден ден ќе може да оди без помош на протези.
Обидот да со операција и ги исправат нозете не вродиле со плод и доктортие поради тоа одлучиле на ризична операција.
Операција на вградување на коските траела повеќе од 13 часа. Малата Рози која како бебе имала чувства и се движела, што на докторите им давало надеж дека нерви сепак постојат. Сега по операцијата, Рози подобро се чувствува и има можност во иднина да користи протетички екстремитети.
“Рози ја обожува својата постара сестра Мија и секогаш сака да биде како неа. Постојано вели дека сака да оди како Мија и дека таа на тоа ќе ја научи. По операцијата веруваме дека Рози ќе најде начин да го постигне тоа”, вели Менди.