Таљатели со шарен бибер
12 декември, 20120
Потребни состојки:
- 500мл павлака за готвење
- пакување таљатели
- 2 пилешки стекови
- сол
- шерен бибер
- малку путер
Начин на подготовка:
Таљателите сварете ги во солена вода. Пилешкото добро посолете го и на загреан путер испржете, внимавајте да не изгори, треба да остане сочно и меко. Таљателите исцедете ги, прелијте со павлака која сте ја зачиниле со шарен мелен бибер, а пилешкото исечете го на ситни парчиња и ставете го врз павлаката. Додадете бибер и послужете.