Треба да знаете дека кафето е многу полезно за кожата, ако го употребуваме во приготвувањето на маски, лосиони и други домашно приготвени препарати. Специјално за кожата на лицето ви предлагаме две варијанти – хидратантен лосион и Anti-age маска која ќе ве спаси од малите брчки.
Хидратантен лосион
Сварете кафе, оставете го да истине и со него наполнете сад за лед коцки. Наутро и навечер тријте го лицето со приготвениот од вас лед, кожата идеално ќе се хидратира и ќе изгледа многу посвежа. Пред да го исипете кафето во садот за лед промешајте за да го има и талогот во ледените коцки што од своја страна делува како пилинг.
Anti-age маска
Разтворете една супена лажица брашно од овес во пресно сварено кафе и мешајте додека не се добие еднолична каша. Нанесете на лицето за околу 15 минути, и потоа измијте го лицето со млака вода. Маската ја затегнува кожата на лицето и има лифтинг ефект. Ќе ги ублажи веќе постоечките брчки и ќе ја направи кожата поотпорна и еластична. Се аплицира еднаш седмично.
Двете процедури одат во пакет и циклусот треба да трае најмалку 2 месеци.