Дали е ова потенцијален “убиец” на iPhone?

popara17 декември, 20121min00
blackberry

Некогаш силната компанија одлучи да се врати на старата слава со новиот смартфон за кој сметаат дека би можел да стане “убиец “ на iPhone5.

Творецот на популарниот BlackBerry, Research-in-Motion, последниве години изгуби голем дел од пазарот на смартфони поради иновациите на Apple и Samsung. Но, се чини дека RIM не се откажува до трката и на пазарот се појавува со нов BlackBerry 10 со кој планираат да се вратат на старата слава.

Новиот Blackberry ќе биде претставен на 30-ти јануари, а наводно е направен така што ги задоволува потребите на голем број различни корисници. Помеѓу останатото, RIM со новата софтверска платформа цели на гејмер публиката.

Фотографијата на новиот BlackBerry во јавноста ја објавила веб страната Tinhte.vn. Тие тврдат дека навистина се работи за нов адут на RIM. Како што наведуваат, едиснтвена мана на новиот BB е недостатокот на апликации кои на корисникот ќе му го олеснат секојдневниот живот, а кои iPhone  ги има во изобилие.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma