Поховани јајца
21 декември, 20120
Потребни состојки:
- 6 тврдо варени јајца
- 3 китки блитва
- 100гр кашкавал
- 2 јајца
- чешне лук
- сушен зеленчук
- бибер
- презла
Начин на подготовка:
Исчистете ја блитвата, измијте ја и сварете, а потоа поситно исецкајте ја. Помешајте со ситно рендан кашкавал, едно изматено јајце и ситно исецкан лук, па зачинете по вкус.
Излупете ги варените јајца, па секое натопете го во смесата од блитва, потоа во презла, па во изматеното јајце, а на крајот повторно презла. Завитканите јајца пржете ги во врело масло, само внимавајте да не изгорат. Извадете ги на хартиена крпа да ги апсорбираат маснотиите.