Путин: Утре нема да биде крај на светот!

popara20 декември, 20121min00
putin

Рускиот претседател Владимир Путин не се плаши од утрешниот крај на светот, затоа што знае кога ќе дојде „вистинскиот“. Се’ ќе се заврши за 4-5 милијарди години, смета првиот човек на најголемата земја во светот.

Тој ја исклучил можноста во петок да дојде до крај на светот, како што наводно предвиделе Маите и додал дека не очекува пропаст на светот во наредните 4-5 милијарди години.

Путин на прашањето зошто својата прва голема конференција за новинарите по враќањето од Кремљ ја организирал на ден пред крајот на светот рекол дека знае кога ќе дојде до пропаст на светот.

-Знам кога ќе дојде крајот на светот, рекол и направил драмска пауза.

-Тоа ќе се случи за едно 4-5 милијарди години. Колку што се сеќавам, тоа е системот на функционирање на нашето Сонце. Се ќе се заврши и реакторот ќе изгори и тоа ќе биде крајот на светот. Но, пред тоа ќе се претвори во мало бело џуџе.

На прашањето дали се плаши, Путин одговорил дека нема потреба да се плашиме од неизбежното.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *