Светски познатиот бренд Џејсон Ву ја претстави својата „Pre – Fall“ колекција за 2013 година. Колекцијата е полна со иновативни парчиња облека, кои воедно се многу гламурозни и уникатни.
„Pre – Fall“ колекцијата за 2013 година има многу темни нијанси, со неколку светли, што веднаш ги става во центарот на вниманието. Во оваа колекција најмногу се затапени фустаните, но покрај нив тука се и панталоните, за сите оние дами кои повеќе сакаат панталони од фустани. Панталоните се многу секси и женствени. Но, мораме да признаеме, фустаните во оваа колекција се навистина прекрасни.
Значи, во целина, колекцијата е многу разновидна, но нуди и некои делови кои се невообичаени. Сепак, колекцијата има неодолив избор на ткаенини, од кои се направени феноменални фустани и панаталони. Погледнете ги фотографиите во нашата галерија.