Скандал: Забарка била отпуштена од работа, бидејќи била убава!

popara24 декември, 20121min00

Стоматологот Џејмс Најт (53) сметал дека неговата помошничка која работела за него дури десет години, 32-годишната Мелиса Нелсон, е премногу секси во униформата и решил да и даде отказ затоа што сметал оти може да го наведе да изврши неверство.

Судскиот совет на Врховниот суд на американската сојузна држава Ајова, составен исклучиво од мажи, пресуди дека работодавецот имал право да ја отпушти.

Тие заклучиле дека одлуката на Најт не е мотивирана од полова дискриминација, туку од неговите емоции и желбата да го сочува сопствениот брак и семејство, што Законот на американската сојузна држава Ајова го поддржува.

Во петокот навечер за Си-Ен-Ен Нелсон изјави дека смета дека ваквата судска одлука не е исправна и фер. Нејзината адвокатка тврди дека таа на „жените од Ајова им испраќа порака дека мажите не можат да се сметаат одговорни за нивните сексуални желби и постапките и дека е законски тие да бидат отпуштени доколку ваквите желби и постапки на нивните шефови почнуваат да излегуваат од контрола“.

Нелсон тврди дека има среќен брак и дека нејзиниот работодавец, чија сопруга работи во истата стоматолошка ординација, го сметала пред се за татковска фигура. За неодоливата тесна облека на која Најт се жали, таа рече дека била само „обична униформа“ каква што носи медицинскиот персонал ширум земјата.

Таа сега работи како келнерка, шест дена неделно во вечерна смена и загрижена е за својата професионална кариера. На прашањето на новинарите дали себеси се смета за неодоливо привлечна, само се насмеала: – Јас сум само обична жена. Една обична мајка, рече Мелиса Нелсон.

До вистинскиот проблем на работно место меѓутоа дошло дури кога со својот шеф почнала да разменува СМС пораки со приватна содржина.

Тие навистина не биле со недолична содржина и се однесувале главно за нивниот семеен живот, но сопругата на Најт ги видела и почнала да бара да убавата асистентка да биде отпуштена.

Ваквиот став го поддржал и нивниот свештеник кој сметал дека тоа е најдобар начин стоматологот да избегне искушение и да го сочува неговиот брак.

Со тоа во целост се согласува и адвокатот на Најт, кој тврди дека во одлуката на судскиот совет нема ништо сексистичко, туку дека таа само го уважила правото на работодавецот да даде предност на член на неговото семејство (во овој случај сопругата и нејзиното барање) и да постапи согласно сопствените чувства.

http://www.youtube.com/watch?v=Sp7CNnyGJaY&feature=player_embedded

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma