13 средношколци на северот на Кина се повредени откако намерно ги прегазил возач. Тој во понеделникот со својот автомобил удрил во група од 23 ученици кои излегле на пауза од училиштето во провинцијата Хебеј.
Агенцијата Синхуа јави дека поголем дел од децата биле на велосипеди. Повредени се 13 и сместени во болница.
Полицијата се сомнева дека човекот кој удрил во нив имал намера да предизвика експлозија бидејќи имал полн резервоар и пиротехнички средства во автомобилот. Се работи за човек кој често влегува во судир со властите откако пред 3 години била убиена неговата ќерка.