Брендот кој пред 23 години започна како одговор на сите потреби на американскиот пазар, со тек на време стана синоним за луксуз…
Овој Нисан под-бренд наскоро ќе стане повеќе присутен во Европа, и тоа благодарение на Nissan главната куќа, која ќе почне со производство во Велика Британија. Моделите Infiniti, по инвестиции од 250 милиони фунти ќе бидат склопени во фабрика во Сандерленд, каде Нисан во моментов произведува Juke.
Покрај тоа што Сандерленд се подготвува за произведство на Infiniti премиум компакт на неговиот развој работат и британските дизајнери на Нисан. Кога ќе биде довршен, новиот премиум модел ќе биде наменет за глобалниот пазар. Неговото доаѓање е најавено за 2015 година.