Виена, главниот град на Австрија, повторно доби висока оценка и признание, откако е прогласен за најуспешна престолнина.
Студијата на ОН „Главни градови на светот 2012/2013“, ја стави Виена на прво место меѓу 70 светски метрополи како најуспешен и најпросперитетен град.
Со тоа престолнината на Австрија е рангирана пред другите градови со исто така висок квалитет за живот, како Цирих, Торонто или Брисел. Студијата на ОН ги истражувала, меѓу другото, факторите како продуктивноста, одржливоста, животниот квалитет, инфраструктурата.
Градоначалникот на Виена Михаел Хојпл, резултатите на студијата ги оцени како потврда на градската политика и како „голем комплимент на сите кои со својот ангажман и срце од Виена прават еден од најатрактивните градови на светот“.