Актерската двојка Анџелина Џоли и Бред Пит божиќните празници ќе ги поминат на Карибите.
Со своите шест деца се сместиле во вила на модната дизајнерка Дона Каран на идиличниот остров Туркс и Каикос. Од луксузната вила пука поглед од 360 степени на целиот остров, има отворен базен изработен од вулкански камења, приватен спа центар и кино на отворено.
“Дизајнерката не е со нив, празниците ги поминуваат сами. Анџелина наутро со децата вежба јога и трча по островот без грижа дали ќе сретне некој познат”, изјавил извор близок на двојката. Со нив имаат и 12 дадилки, по две за едно дете, кои им помагаат на Бред и Анџелина да најдат време за себе.
Бред и Анџелина сепак не се единствените ѕвезди кои одмараат на овој остров. Таму е и гитаристот на Ролинг Стоунс, Кит Ричардс.