Сенките за очи се магична шминка што совршено ги обликува и изразува женските очи, па затоа се задолжителни кога станува збор за новогодишниот стајлинг.
Празничната шминка е многу важен дел од целокупниот изглед на секоја една жена. Очите не напразно се наречени „прозорец кон душата“. Колку поубав и уверен е вашиот поглед, толку посилно влијание има на сите во вашето опкружување.
Сенките за очи се единствената шминка, со која може смело да експериментираме со сите бои и да создадеме уметност. За тоа ни е потребна богата гама од бои.
За празниците не заборавајте за сјајните сенки кои ќе ги направат вашите очи заводливи, примамливи и прекрасни. Имате доволно време да екпериментирате со боите до празниците и да ја откриете идеалната боја за вас.