Баба херој ги спасила своите пет внуци од пожар

popara9 јануари, 20131min00
baba

Кога на Интернет била објавена фотографија од нејзините пет деца и двајцата родители збиени во водата под кејот додека околу нив беснее оган, Бони Вокер помислила дека засекогаш ќе ги изгуби. „Знаев дека ќе биде многу тешко да одржи три деца непливачи над површината на водата“, изјавила подоцна Бони, која за време на пожарот била на погреб во друг град во Австралија.


Но благодарение на присебноста на бабата и дедото, сите членови на семејството се спасиле. Тами и Тим Холмс ги чувале внуците Матилда (11), Лијам (9), Кејлеб (6), Естер (4) и Шарлота (1), додека нивните мајка и татко биле отсутни.

Тие внуците ги спасиле од катастрофалните пожари кои веќе со денови беснеат низ Австралија, поради што илјадници луѓе ги напуштиле своите домови.


Еден од нив ја зафатил и куќата на семејството Холмс во Данели, Тасманија. Бабата и нејзините пет внучиња се засолниле под пристаништето, каде минале два и пол часа.

Во меѓувреме, Тим Холмс се обидувал да ја спаси куќата, но сфаќајќи дека ни пожарникарите со шмрковите не успеваат да го сопрат огнот, и тој се скрил под пристаништето.


„Пожарот набрзина се прошири и се создаде облак од чад, пепел и ѓубре и едвај дишевме поради недостигот од кислород“, кажал подоцна Тим.

И покрај огнот, кој се раширил секаде наоколу, тој излегол од водата и успеал да довлечка мал чамец, со кој Тами и петте дечиња ги пренел на безбедно.

„Се молев како никогаш во животот и мислам дека некој ги слушна моите молитви“, изјавила Бони по повторната средба со семејството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag