Ова се последните стихови на Тоше Проески

popara14 јануари, 20131min00
Tose-Proeski

Зад трагично и прерано починатиот уметник остана песна која ќе израдува, но и ќе расплаче многумина…

Последната песна на трагично починатиот Тоше Проески која во демо верзија е пронајдена во неговиот лаптоп ќе биде објавена на 25 јануари, на денот на неговото раѓање. Многу фанови од регионот со нетрпение ја очекуваат промоцијата на песна, која ќе биде организирана во музејот во Крушево, подигнат во негова чест. Музиката и текстот на оваа песна која Тоше ја отпеал сам со клавирот ја напишала Јелена Трифуновиќ, додека аранжманот е направен од страна на Никша Братош.

„Тоше беше воодушевен со песната која ја купи кога неговиот последен албум беше готов. Му се допадна и сакаше да ја има за себе. За жал, поради трагичниот настан не успеа да ја реализира во студио. Искрено и јас бев воодушевена и трогната кога ми кажаа дека ја пронашле во неговиот компјутер и дека ја отпеал со клавир“, вели Јелена и додава:

“Дури и на снимката се слуша лаење на кучиња, бидејќи веројатно прозорот му бил отворен. Исто така, ми беше кажано дека само половина строфа отпеал, дека делови морало компјутерски да се чистат и обработуваат. Не сум ја слушнала финалната верзија, но не се сомневам дека е магична и доста трогателна”.

Инаку, песната се вика “Sve je ovo premalo za kraj”, а текстот можете да го видите во продолжение…

Tu na tvome dvoru nisam više kralj
Da se pozdravim s tobom, to ne mogu, znaj
Sve je ovo premalo za kraj.
Sve je ovo premalo za kraj.
Samo nikome o tome ne pričam
Još ti svaki greh pretvorim u sjaj
Sve je ovo premalo za kraj.
REFREN
Neću više da te volim, ne
Kažem, ali znam da kasno je
Ostavljen i sam u svom očaju
Ja još živim kao da si tu…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag