Ауростела Виана да Силва е родена без еден од најважните органи за преживување но благодарение на својата мајка и екипа од експерти таа денес може да џвака и да се изразува, но со потешкотии. Нејзиниот случај е претставен минатиот понеделник на Универзитетот Бразилија.
“Се работи за аномалија која предизвикува смрт, затоа постојат мал број на вакви случаи во светот”. Поради тешкотиите при хранењето, бебињата умираат пред да се направи дијагноза, објаснува Фредерико Салес, хирург и директор на тимот од лекари.
На Ауристела Виана при раѓањето и е утврден редок случај на конгенитално отсуство на јазикот и во текот на 17 години морала да прави разни вежби и да оди на третмани. Да Силва денес учи за медицинска сестра и тврди дека води нормален живот.