Потребни состојки:
За подлога:
- 220гр мелени интегрални бисквити
- 150гр маргарин
- 2 лажици кафеав шеќер
За фил:
- 960гр крем сирење
- 300гр кафеав шеќер
- 100гр путер
- 5 јајца
- 1 лажица екстракт од ванила
- прелив од карамела
Начин на подготовка:
Во чинија помешајте бисквити, растопен путер и шеќер, од што ќе се формираат грутки тесто. Дното на рабовите од тавата премачкајте ги со путер и смесата цврсто натапкајте ја на дното на калапот и печете 10 минути на 180 степени.
Пенасто изматете крем сирење со шеќер и ванила, додадете маргарин, повтоно матете, па потоа додадете ги едно по едно јајцата. Истурете го тестото преку испечената и оладена кора. Ставете го плехот во поголем плех во кој сте ставиле топла вода, така што нивото ќе дојде до половина на плехот со тортата и печете околу 70 минути додека филот не нарасне. Оставете да се излади и послужете прелиено со прелив од карамела.