Марло Мајерс (12) трагично го загубил животот обидувајќи се да ја насмее својата неподвижна мајка.
Момчето се качило на стол и облекло кожна јакна која висела на вратата од кујната, а потоа ја бутнало столицата. Се претпоставува дека сакал да се пошегува со својата мајка која во тој момент била во друга просторија.
Шегата завршила лошо, кога се заглавил патентот на јакната и момчето почнало да се задушува. Мајката слушнала чудни звуци и дошла до кујната каде го нашла својот син како се бори за живот.
Мајката, која е во инвалидска количка се обидела да го симне од закачалката, но бидејќи не успеала, грабнала нож и се обидела да ја исече јакната, но ножот не бил доволно остар.
Додека мајката се обидувала да земе поостар нож, момчето починало. Екипата на брзата помош се обидела да го оживее момчето, но тоа било премногу доцна.
Истражниот судија смета дека се работи за самоубиство, меѓутоа со истрагата е утврдено дека момчето било среќно и сакано и дека немало причина за да си го одземе животот.