Сте се чувствувале ли понекогаш како ѕвезда со сопствената романтична комедија без среќен крај?
За жал тоа може да значи дека сте од оној тип луѓе носталгичари – тоа е слободен маж или жена во своите 20-ти или 30-ти години обземен од спомени по минатото и некоја конкретна личност.
Овие луѓе знаат да влегуваат од врска во врска без да дозволат на минатото да си оди.
Познат сајт за запознанства направил истражување за да ги утврди причините зошто членовите сеуште не го сртнале вистинскиот партнер. Најпопуларен одговор бил дека луѓето кои ги запознале онлајн не се од класата на претходниот партнер.
Голем дел од нив изјавиле дека сеуште имаат чувства кон бившиот партнер и тоа им создавало потешкотии во поврзувањето со нов човек.
Експертите советуваат дека се додека не се ослободите од сенките на минатото, се додека не ги расчистите сметките во својата глава и не го прифатите крајот како реалност, се додтогаш нема да имате успех во љубовта, односно тешко дека ќе создадете стабилна врска што вистински ќе ве исполни.