Потребни состојки:
– 170 гр маргарин
– 350 гр шеќер
– 200 гр брашно
– 100 гр мелени ореви
– 200 мл млеко
– кесичка прашок за печиво
– 2 јајца
– 2 лажици какао
– 100 гр чоколада
Подготовка:
Пенесто изматете го маргаринот со 250 гр шеќер и жолчките. Измешајте го брашното со пецивото, па постепено додавајте го во смесата со жолчките. Полека сипете го млекото и мешајте додека смесата не се изедначи. Додајте ги оревите. Белките изматете ги во цврст снег и нив додадете ги во смесата. Печете во подмачкан плех на 200 степени.
За глазурата растопете шеќер, какао, чоколада и маргарин. Варете 5 мин со постојано мешање. Топлата глазура сипете ја врз изладениот колач и оставете нека се впие. Кога ќе се излади исечете го колачот на коцки.