Британската полиција го обвини поранешниот водител на Би-Би-Си, 83-годишниот Стјуарт Хол, за едно силување и 14 случаи на сексуалнен напад, направени од 1967 до 1986 година.
Во обвинението се наведува дека Хол нападнал десет девојчиња на возраст од девет до 16 години, а силувал една 22-годишна девојка.
Поранешниот спортски коментатор на Би-Би-Си беше уапсен и ослободен со кауција, а на седми февруари треба да се појави пред суд.
Хол 50 години беше едно од заштитните лица на Би-Би-Си, познат по ексцентричните коментари на фудбалските натпревари, а мината година е одликуван со Орденот на британската империја.