Тридневна жалост за 245-те жртви од пожарот во дискотека во Бразил

popara28 јануари, 20131min00
brazil
Бразил прогласи тридневна национална жалост за лицата кои загинаа во пожар во дискотека во Санта Мариа, објави Би-Би-Си.
 TRAGEDIJA-U-BRAZILU-Telefoni-u-diskoteci-su-zvonili-ali-niko-se-nije-javljao-VIDEO-FOTO
Властите соопштија дека загинале 245 лица, а околу сто лица се хоспитализирани.
Пожарот во дискотеката “Кис“ го предизвикал член на бендот кој тогаш свирел. Според локалните власти тој запалил мал огномет на сцената.Пламенот го запалил таванот, од каде пожарот почнал брзо да се шири.
Властите соопштиле дека најголемиот број од жртвите се студенти кои починале од  вдишување на густиот чад. Утринава ќе се одржат првите погреби.
Еден локален весник напишал дека пожарот избувнал додека студентите од локалниот државен универзитет правеле забава за новите студенти.
Марчело Гонзато, локален новинар за Би-Би-Си изјавил дека по огнометот почнал горем пожар кој брзо се ширел исполнувајќи ја дискотеката со црн и густ чад.
img
“Многу од присустните не можеле да излезат и загинале дека поради чадот, а не од огнените јазици“, објаснил тој, додавајќи дека во дискотеката имало само еден излез, а околу 500 студенти.
Ова е еден од најсмртните пожари во Бразил во последните пет декади.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma