Кејти Пери ја доби нејзината прва восочна фигура која ќе биде изложена во музејот „Мадам Тисо“ во Лас Вегас.
Пејачката во саботата гордо позираше покрај нејзината восочна фигура која има сина перика и еден од костимите кои пејачката ги носеше на минатата турнеа.
Кејти Пери на откривањето на фигурата на сите им рече дека е воодушевена што и нејзината статуа ќе се најде во музеј, а потоа со фановите позираше покрај восочната фигура.