Вера Надеж и Љубов на планински начин

popara29 јануари, 20131min00
vera nadez i ljubov

Се сеќавам кога бев млад шутрак во едно друго време, главна фора беше на ,,риба,, да и подариш за роденден
привезок за ланче Вера Надеж и Љубов.. абе пу да пукнеш.. шуто рогато…
Беа тоа времиња кога на разни туѓи глупости ,човек имаше време да учи и да се спрема за нови поагресивни времиња.
И додека ние поагресивните си го меревме меѓу себе, тие лојалните домашни миленичиња, вредно си го одработуваа џепарлакот од своите ,,по дома,,..за на крајот тие да го платат цехот и на своите, а и на генерација пред нив- ретроактивно!
Додека едните живееа во некои ,,чудни времиња,, без дефиниција, тие со глагол во речникот, пораката на новото време воопшто и не ја сфатија. И што би рекла мајка ми бог да ја прости: Крив им бил после ѓаволот…
Така е!! Ѓаволот е виновен за се! Тој ѓавол што го носат во себе многу ликови низ државата ни, тој ѓавол ќе ни ја земе душата..за навек!
А знае ли ѓаволот што е Верба? Знае ли што е Надеж, а што Љубов?
Верба знам дека знае! Ми кажа.. Верува дека на толку многу идиоти, неможе да згреши.. Души за земање на ,,претек,, само сиромашкиот и тој незнае каде да ги носи. Бедни се ми вели, бедни и прозирни.. прелесни за читање, па пет пари не вредат, ни за кај Данте.
А го прашувам јас: Ај Верба имаш, а Надеж ќе ми кажеш, има ли надеж за овие напатени души?! Се разбира- ми вели. Има надеж толку голема, идентична на надежта на Комити, Вардар шампион на Европа да го видат!
Аман му велам…Аман, имај милост.. Па не е се толку црно..
Црно е синко.. црна е душата, како на ,,пушач,, устата, после 50 години ,,здраво консумирање,,, а грозно, уште повеќе, што би рекле Французите, како дундата на стара Француска ,,собарица,, пред пензија.
Добро му велам.. Верба најде, Надеж ете има, колку и да е безнадежна, а ќе ми кажеш ли Ѓаволу, што правиме со Љубовта?
Е за Љубов синко, за неа посебно поглавје започнав да пишувам. Во Љубовта кај Вас работите се измешани. Вие Македонците Љубовта ја мерите на посебен кантар, Европски. На тој кантар синко- нема место за друга валута.

Го погледнав онака под око, ама некако убеден ми стои, па се замислив: А што ако и за ова има право?! Тогаш на сите мои заблуди на денешницата, со неколку реченици, Ѓаволот ми даде смисол.

Да појаснам, јас што сфатив: Верба имаме, ама пет пари не вреди… лажни сме, надеж има, но за други ,,повозрасни,, времиња и други посериозни ,,племиња,, а кај Љубовта? Е за Љубов сме ,,скроз,, Европски,  но се плашам дека абер немаме што ќе правиме,  ако дојдат времиња, Левот Бугарски да го ,,менат,, Драхми или скраја да е- Леки Албански.
Или во превод: Ќе мора друг Данте со пеколот да се позанимава, ама во анимален аспект. За нас животните, ни кај Данте(та) место нема!

Планинци сме нели?? Се плашам дека планинци, за навек и ќе си останеме!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag