Андријана Будимир, долгогодишната девојка на покојниот Тоше Проески ќе застане пред олтар. После неговата смрт таа се повлече од медиумите.
– Андријана со својот иден сопруг веќе две години е во врска. Се верија во тајност. Јохан зад себе има еден брак и две деца. Врската со Андријана ја започна додека се уште беше оженет – открил за српски Курир извор од Македонија.
Поранешната ракометарка не се појавила на промоцијата на новата песна на Тоше која е објавена на неговиот 25-ти роденден, а нејзините пријатели тоа го оправдувале дека таа има бројни обврски.
– Секој ден има проби за новата сезона на емисијата „Танц со ѕвездите“. Веќе одамна е познато дека не е во најдобри односи со семејството на Тоше, па избегнува да го посетува неговиот гроб кога има полно медиуми и обожаватели, велат нејзините пријатели.
Без оглед што таа ќе се мажи, Андријана не го заборавила Тоше. На нејзината фан страница на интернет и понатаму стојат заеднички фотографии. Андријана беше долгогодишна девојка на трагично загинатиот пејач. По неговата смрт таа се повлече од медиумите.