Тоа што името на оваа специјална серија можеби ве потсетува на најпознатиот измислен таен агент … нема никаква врска со автомобилот кој Мини го носи во Женева.
Џејмс Бонд има стил и сака луксуз, но тој сепак го преферира Астон Мартин. MINI Clubman Bond Street не е поврзан со најпознатиот лик на Иан Флеминг, туку со главната шопинг-улица во Лондон…
Не е ова прв примерок на Мини кој го носи името по некој дел во Лондон. До сега Британците веќе објавија спцеијални серии – MINI Hyde Park и MINI Green Park – кои носат имиња по парковите во Лондон. Новиот MINI Clubman Bond Street ќе може да го видиме во средината на март, кога ќе дознаеме и повеќе за оваа специјална серија.