Човек волк – 40 години живее и се храни со волците

popara29 јануари, 20131min00
covek-volk

Поранешениот воен падобранец, 79-годишниот Вернер Фројнд во изминатите 40 години живее со 29 волци на неговиот имот во Мерциг во Германија, јави „Дејли Мејл“.

Со текот на времето Фројнд стана „водач“ на чопорот па сите волци во неговото друштво се однесуваат разиграно и послушно. Чопорот го сочинуваат волци од различни делови на светот: Европа, Сибир, Канада, Арктик и Монголија.

covek volk

За време на хранењето Вернер секогаш јаде прв и не им дозволува на гладните волци да дојдат блиску, за и понатаму да ја има почитта од чопорот. Од таа причина тие не го напаѓаат туку му го лижат лицето и многу се разиграни кога не јадат.

Засолништето на Вернер за волци се простира на повеќе од 100.000 квадратни метри, а откако во 1972 година го отворил во него одгледал повеќе од 70 животни. Волците кај него доаѓаат како младенчиња од зоолошките градини и парковите.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=RIEUOyTaX1Y

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag