Шенон Броус, 35-годишната мајка од Велика Британија, толку сака да излегува и да се забавува, што својата сега веќе 20-годишна ќерка, ја навикнува на алкохол од нејзината трета година.
Несовесна мајка признала дека на својата ќерка од мала и давала “по некоја чашка” за детето да изгради толеранција на алкохол, и кога доволно ќе порасне да може да и прави друштво во клубовите и на забавите.
Џејми Ли, која мајката ја ‘навлекла’ на алкохолни пијалоци, од својата трета година за време на викенди пие пиво, а за петнаесеттиот роденден од “грижната” мајка добила шише вотка да и помогне убаво да го прослави овој ден.
Шенон објаснила дека сакала од својата ќерка да направи тинејџерка која добро “поднесува” алкохол и да може да лудува цела ноќ по клубовите, секако, во друштво на својата мајка.
Британските доктори кои се заинтересирале за овој случај, предупредуваат дека е можно девојката да има оштетување на мозокот, проблеми со црниот дроб и краткотрајна меморија. Исто така, докторите и ја слушиле надежта на оваа мајка дека е возможно да се изгради толеранција на алкохол. Во случајот на младата Џејми Ли, единствено што донело раното “огнено крштевање” во пиењето алкохол е тоа што Џејми сега мора да испие многу повеќе за да и “светнат очите”.