На авто-салонот во Катар е претставен моделот Lykan Hypersport на блискоисточната компанија W Motors…
Ќе бидат направени вкупно седум примероци, а цената на еден автомобил изнесува 3,4 милиони долари (околу 2,5 милиони евра).
Иако некои можеби ќе му замерат на неоригиналниот дизајн, Lykan Hypersport секако има впечатлив изглед, со интересно обликувана маска и полусокриени фарови, а интересно е и решението на задниот дел на автомобилот со стоп светлата во форма на бумеранг:
Кога станува збор за спецификациите на моторот и перформансите, Lykan Hypersport има со што да се пофали. Централно лоцирана, шест-цилиндрична погонска единица опремена со два турбополначи и во состојба е да развие 750 ks и максимален вртежен момент од 1.000 Nm.
Според производителот, Lykan Hypersport од место до 100 км / ч постигнува за 2,8 секунди, додека нековата максимална брзина изнесува 395 км/ч.