Едно кинеско семејство предизвикало бројни критики откако дозволиле џиновски питон да биде во близина на нивниот 13-годишен син и да ја превземе улогата на дадилка.
Чан Лиу и неговата сопруга го оставаат нивниот син Аџе сам во куќата со нивниот бурмански питон долг преку четири ипол метри, кој притоа не се наоѓа во терариум, туку слободно се движи низ куќата.
Аџе се родил шест години подоцна откако неговиот татко го вдомил питонот.
“Отсекогаш ги сметав питоните за прекрасни животни и ме интересираше како ќе се однесува кога ќе се роди мојот син“, рекол Лиу.
Наместо да се плаши, момчето Аџе почнало да се гали со питонот долг 4,5 метри и тежок 100кг. Уживаше да се потпира на неговото студено тело за време на жешките летни денови.
“По некое време видовме дека змијата нема да му наштети на нашиот син и почнавме да ги остават сами заедно. Тие станаа нераздвојни”, вели Чан.