Девојка останала парализирана и слепа по конзумирање на синтетичка марихуана

popara7 февруари, 20131min00
zena

Синтетичката марихуана со име “Potpourri” го уништила животот на една млада тинејџерка. Откако ја консумирала оваа дрога, девојката доживеала тешко оштетување на мозокот, ослепела и останала неподвижна.

Приказната за тинејџерката Емили Бауер овие денови ја шокираше американската јавност. Емили, консумирала ‘синтетичка марихуана’, која на пазарот се продава под името “potpourri”, а набрзо после тоа доживеала неколку мозочни удари. Нејзините родители за CNN изјавиле дека таа почнала неконтролирано да мокри, да халуцинира, да се удира во ѕид и да станува агресивна.

Веднаш била хоспитализирана, каде лекарите предизвикале кома, за да можат да ги направат сите потребни тестови. Таа имала запаление на крвните садови, кои предизвикуваат промени кај ѕидовите на крвните садови, вклучувајќи здебелување, слабеење, стеснување и лузни. На девојката исто така и бил прекинат влезот на воздух во мозокот.

Емили неколку пати била оперирана, но лекарите им соопштиле на родителите дека нивната ќерка веќе никогаш нема да може да ги движи деловите на своето тело, односно ќе остане парализирана, и нема да препознава никого. Покрај тоа, Емили го изгубила и својот вид. Сепак, нејзината состојба се подобрила, па дури и успеала да проговори. Сепак, остатокот од животот ќе го мине во количка.

Нејзините родители ја основале непрофитабилната организација “Синтетичка свест за Емили”.

“Таа е прекрасна личност, полна со живот, секогаш насмеана. Пред себе имаше среќен живот”, велат членови на нејзиното семејство и нејзини пријатели.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=yXNWepLk8SQ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag