Тој не е за тебе!

popara8 февруари, 20131min00
maz
Следниве знаци во никој случај не треба да ги игнорирате, бидејќи ако забележите дека нешто слично на ова се прокрадува во вашата врска, тогаш бидете сигурни дека тој не е човекот за вас!

Соблекувањето со поглед  можеби  делува возбудливо и атрактивно но ако во исто време не му е важно што зборуваш, тогаш тој не сака ништо друго освен секс. Факт!

Ако покрај него не се чувствувате како најубава, најпаметна и најпрекрасна жена на светот, со еден збор посебна, тогаш тој дефинитивно не е оној вистинскиот за вас.

Тој ве бара само кога ќе му пропаднат плановите со неговите пријатели. Ова е вистинското време да се освестите  и да сватите дека сте само една минлива забава за него и пополнување на слободното време.

Емоционалното мамење лесно може да премине во физичко, па дури и известување, ако тој секогаш зборува за друга девојка. Без разлика дали тоа е колешка од работа, пријателка од фитнес…не е добар знак ако таа е често главна тема.

Не паѓајте на изговори дека тоа е пријател од факултет или колега од работа штом „збрише“ со телефонот во друга соба. Тој пријател е обично женски пријател.

Секоја ваша кавга набрзо преминува во навреди. Наместо аргументи тој користи епитети, „луда си, иста како мајка ти…“

Тој никогаш не е тука кога ви е најпотребен. Мажот што не ве подржува и во тешките моменти, нема ни во брак да ви биде подкрепа и подршка. Ќе исчезне кога најмногу ќе ви треба…

За се зборува со неговата мајка па таа е запозната и со најинтимните детали од вашата врска.

Ретко покажува емоции и не разговара со вас за своите проблеми.

Ако за сериозни проблеми комуницира со вас со смс пораки и избегнува директна комуникација, тогаш тој е кукавица и подобро е да се избегне.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma