Како да го зголемите вашиот сексапил?

popara11 февруари, 20131min00
hot

Сексапилот не се врти само околу изгледот. Тој оди многу подалеку од тоа. Носењето добар фустан и шминка ќе го разубави вашиот изглед, но тоа не е доволно. Постојат неколку едноставни совети кои ќе ви помогнат да го зголемите вашиот секаспил и да бидете поатрактивни за спротивниот пол.

Позитивниот став е она што прво ќе се забележи на вас. Ставот прави да изгледате секси, а луѓето ќе чувствуваат потреба да ви се доближат. Доколку сте среќни и позитивни, така и ќе зрачите во околината.

Храброст

Немојте да бидете слаби, тргнете по патот на силните! Не дрски, туку силни личности. Морате да бидете жена која знае да се снајде и смирено да реагира во напнати ситуации.

Насмевка

Нема ништо по сексипилно од насмевка. Носете ја насмевката како главен аксесосар секаде со себе.

Љубезност

Во денешно време луѓето многу малку внимание обрнуваат едни на други. Бидете жена која е љубезна и хумана, а вашата убавина дополнително ќе биде нагласена. Немојте да се двоумите да помогнете на оние кои им е потребна помош,  а вие сте во можност. Сите го сакаат оној странец кој не се двоуми со својата љубезност да го олесни животот на другите.

Пријателство

Никогаш немојте да бидете сноб. Бидете пријателски настроена личност, така луѓето ќе можат да ви пријдат. Заинтересирајте се за луѓето, разберете ги нивните потреби и создавајте нови пријателства. Што повеќе пријатели имате, толку побогат живот ќе живеете.

Самодоверба

Жената која се чувствува несигурно никогаш нема да привлече внимание на маж. Без оглед на тоа со што се занимавате, колку знаете, бидете горди! Имајте самодоверба. Секогаш гледајте ги луѓето во очи додека разговарате со нив. Немојте да бидете премногу горди, нека ја видат луѓето вашата спонтаност и привлечност.

Грациозност

Од одење до говор секогаш бидете женствени! Необавезното поздравување, прегратка со пријател – сето тоа правете го со стил. Потивко зборувајте и бидете вистинска жена.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma