Шокантната вест доаѓа од Ватикан каде е потврдено дека Папата Бенедикт XVI ќе се повлече од функцијата поглавар на Римокатоличката црква на 28 февруари.
Папата е свесен за сериозноста на својата одлука, но поради возраста повеќе не може да ги извршува своите обврски.
“Немам повеќе сила”, Ројтерс ја пренесува неговата изјава.
Јозеф Рацингер стана Папа во 2005 година, по смртта на Јован Павле II и така на свои 78 години стана најстариот поглавар на Римокатоличката црква.
Ова е прв случај во модерната историја еден Папа да се повлече.
http://www.youtube.com/watch?v=jVXny_if5XM&feature=player_embedded